Владиката Петар: Со Преспанскиот договор добивме грдо и ирационално име

t

Преспанскиот договор е еден договор кој гледано од аспект на нас, добивме грдо и ирационално име. Како ќе говорите за една држава кога во целиот свет постои една држава со Северна, а да нема друга држава со Западна, Источна. Велиме дека постои Северна Кореја и Јужна Кореја. Таму стои Демократска Народна Република Кореја, а Јужна Кореја е всушност Република Кореја. Нема држави, освен можеби некои провинции во САД, кои се делат на северна или јужна, смета владиката Петар.

Митрополитот додава дека нашето признавање на името беше политичко прашање и тоа се докажа.

-Поради Преспанскиот договор сфатија сите браќа од православието и грчкото јазично подрачје и црквите што ги имаат, дека надминат е проблемот со името на државата и дека ние не посегаме во јурисдицикција надвор од територијата на Македонија. Ние всушност и да сакаме да ја шириме јурисдикцијата не можеме поради тоа што во опкружувањето има цркви кои си имаат своја надлежност, додаде владиката Петар во емисијата „Само интервју“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор

Мое човеково право, гарантирано со многу конвенции,…

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…

Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…

Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…

Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…