Владина делегација положи свежо цвеќе на гробовите на Михајло Апостолски, Киро Глигоров и Борис Трајковски
Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, а придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Македонија, положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски.
На одбележувањето на 79-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата, одбележуваме и 30 години постоење на Армијата на Република Македонија, се сеќаваме на вековната борба на македонските борци за слобода кои со својата несебична жртва, оставија силен печат вграден во темелите на македонската држава.
Армијата на Република Македонија на највисоко ниво покажува зрелост, професионалност и посветеност, што се очекува од припадниците на современите вооружени сили и заедно со останатите сојузнички војници на земјите-членки на НАТО, дејствува согласно стандардите на Алијансата, учествува во меѓународни мировни мисии, давајќи свој придонес во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во…
Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно…