Власта и опозицијата местат тендери за Универзална сала?

t

Пет јавни повици само во Министерство за култура во периодот февруари 2024; Април 2024; Август 2025 и Декември 2025 година. За реконструкција на Универзална сала скопјани и Македонија чекаат веќе 10 години, ама работата заглавува. Од далеку личи дека институциите се трудат, од блиску може да ви се причини дека некој изведувач е попожелен од другите, бидејќи веќе 5 цели години се избира еден ист изведувач, што може да се види на системот на Бирото за јавни набавки, во делот на склучени Договори.

Деновиве треба да се донесе конечна одлука по петтиот јавен повик, по постапка по жалба до ДКЖЈН за избор на изведувач на Универзална сала по принципот „клуч на рака“, откако истече рокот за жалби по првичната одлука на Комисијата за јавни набавки на Министерството за култура и туризам каде повторно е избран изведувачот „Универзал Балкан“. Инаку, станува збор за меѓународен тендер, на кој константно се пријавуваат две компании, првично избраниот изведувач и компанијата Макаус од Скопје.

Министерството за култура од идниот изведувач бара да ги исполнува следните услови, пропишани во горе- долу во секоја од овие 5 тендерската документации од:

– Да има минимален годишен приход од 1.000.000.000,00 (една милијарда) денари, за секоја година поединечно, за последните три години (2022, 2023 и 2024 година)

– 1 (еден) дипломиран градежен инженер со минимум 20 години работно искуство и со важечко Овластување А за изведба од областа на градежништвото, издадено од Комора на овластени архитекти и инженери на РСМ, како одговорен инженер на објектот.

– 1 (еден) дипломиран инженер архитект со минимум 15 години работно искуство и со важечко Овластување А за изведба од областа на архитектурата, издадено од Комората на овластени архитектекти и овластени инженери на РСМ.

– 1 (еден) дипломиран електроинженер со минимум 15 години работно искуство и со важечко овластување А за изведба од областа на електротехниката, издадено од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ. 1 (еден) дипломиран машински инженер со минимум 15 години работно искуство и со важечко овластување А за изведба од областа на машинските инсталации, издадено од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ Економскиот оператор да располага или да има ангажирано најмалку 80 квалификувани градежни работници ангажирани за реализација на предметната јавна набавка.

– Економскиот оператор да има реализирано минимум 3 (три) договори за изведба на исти или слични објекти како предметот на јавната набавка во последните 7 (седум) години од кои минимум 1 (еден) успешно реализиран договор од најмалку 500.000.000,00 денари, со обезбедени 3 (три) потпишани потврди за навремено и квалитетно извршени договори.

Слични услови имало и во претходна постапка за Турски театар во 2024 година, каде Државниот завод за ревизија утврдил дискриминаторски услови.

„Врз основа на извршената ревизија, заклучивме дека начинот и постапката за доделување на договор за јавна набавка за изведба на градежни работи на објектот на Национална установа Турски театар Скопје за термотехнички инсталации, електротехнички инсталации, хидротехнички инсталации и дел градежни и градежно занатски работи – трет пат и негова реализација, не се во согласност во сите материјални аспекти со релевантната законска регулатива, склучените договори и заклучоци на Владата.

Одговорното лице на НУ Турски театар Скопје да ги преземе следните мерки и
активности:

  1. При спроведување на постапките за јавна набавка:

критериумите за утврдување на способност во тендерската документација да се дефинираат на начин на кој ќе бидат сразмерни со предметот на набавката, односно пропорционални и недискриминаторски (точка 3.1.1. и 3.1.3.)“ – стои во извештајот на ДЗР.

Разговараме со Росица Младеновска Андоновска од компанијата Макаус ДООЕЛ од Скопје, која води институционална битка со државата, токму за Универзална сала. Компанијата Макаус има поднесено низа на жалби по одлуките од овие јавни повици во сите 5 постапки од овие јавни повици, заклучно со последната Одлука од 23.02.2026 година донесена од комисија за јавни набавки на Министерство за култура и туризам.

За кажаното од страна на министерот Љутков, Росица најави соодветна тужба и додаде:

– Во целот го демантирам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, дека јас кај него сум била во кабинет за скопскиот Аквадукт. Тоа е апсолутно неточно и за тоа ќе си добие соодветна тужба за клевета. И дека мене ми била лиценцата една година истечена, или неактивна, како и да кажува тој, не е точно, Аквадуктот се раскина бидејќи мене на 08.08.2025 година ми беше лиценцата истечена, важноста истече, имав поднесено неколку барања за продолжување и потоа за давање на нова лиценца, имав одговори од Министерството за транспорт дека таа е се уште важечка, а потоа таа се пролонгира рокот, чекаа да заврши постапката пред Управен суд за да издадат нова лиценца што е друга работа. Што се однесува до Аквадуктот, јас поднесов барање за состанок за скопски Аквадукт до министерство за кулутра, точно е, да, дека бев во Министерството за култура, но не кај министерот, имав состанок со Б.К. и Е.П во присуство на мојот татко Благоја Младеновски како основач на Макаус. Ние ја донесовме цела документација за Аквадуктот, бидејќи за се што зборувам имам материјални докази и писмен документ за тоа што го зборувам, јас ништо не зборувам на памет. Министерот даде лажна изјава, јас не сум била кај него за Аквадуктот, а раскинувањето на договорот за Аквадуктот не е мојата лиценца причина, напротив, раскинувањето дојде на 19.11 откако јас на 17.11 му соопштив на министерот Зоран Љутков дека нема да се откажам од жалбата, нема да ја повлечам жалбата и дека сметам дека моите жалбени наводи се основани. Раскинувањето за Аквадуктот беше казна. Јас ќе си барам што ми следи понатаму, тоа си е правна процедура посебна. Скопскиот Аквадукт не е Министерство за култура и туризам, инвеститор е Конзерваторски центар Скопје, јас кај министерот бев исклучиво и само за да ја повлечам жалбата бидејќи сметал дека не биле суштински моите наводи. ДКЖЈН не сметаше дека не се суштински, баш напротив. Имам доказ од преписка со министерот за култура, преку Вибер комуникација, како тој мене ме замолува, ме прашува, од 14.11 до 17.11.2025 министерот не престана да ми пишува пораки за тоа кога ќе се видиме, а кај него се сретнавме тој, јас, Владимир Поповски од Министерството за култура и некој извесен Панче од Велес за кој министерот ми кажа дека Панче бил секретар во Општина Велес, вели Росица.

Државната комисија за жалби по јавни набавки еднаш носи носи дури 3 Решенија во корист на Макаус. Во одговорот на жалба од ДКЖЈН се наведува:

„Државната комисија за жалби по јавни набавки ги смета за основани жалбените наводи според кои договорниот орган во постапката за евалуација на понудите постапил спротивно на Законот за јавните набавки и барањата и условите на тендерската документација, односно дека договорниот орган извршил неправилна евалуација на понудите и постапил спротивно на член 109 од Законот за јавните набавки.“ ДКЖЈН утврдува дека избраниот понудувач тогаш не ги исполнува условите од тендерската документација.

Истата комисија подоцна, за следната постапка, при истите услови одлучува дека жалбата е нејасна и неуредна, ненавремена и дополнително, истата е во целост неоснована. Според третото Решение  на ДКЖЈН, се е во ред со изборот на Министерството за култура. Ова е во период 2024 година кога на две Решенија во корист на жалитетот, по третиот пат одлучува спротивно на предходните две. По ова е поднесена Кривична пријава до ОЈО Скопје за првостепената Комисија за јавни набавки, како и за второстепената Комисија по жалби за јавни набавки. Во 2025 година повторно по четврти пат се распишува јавна набавка за Универзална сала, Комисијата на Министерство за култура и туризам носи Одлука за избор на истиот понудувач Универзал Баллкан ДОО од Скопје, на кое МАКАУС ДООЕЛ Скопје вложува жалба по 4 пат и ДКЖЈН во целост по сите жалбени наводи ја усвојува.

– По вложувањето на жалба до второстепен орган ДКЖЈН, почнуваа притисоците од страна на сегашниот министер за култура и туризам, да се откажам од жалба, односно истата да ја повлечам, нешто на кое не се согласив! – вели Росица.

Инфомакс телефонски разговараше и со министерот Љутков, кој вели дека не се обидел да влијае на постапката и додаде дека Макаус немал важечка лиценца.

Комуникација меѓу министерот и Росица имало во повеќе наврати, првата средба во кабинетот на министерот била на 14.11.2025 во петок, а потоа повторно на 17.11.2025 г. По што следувале повеќе писмени преписки.

Од Макаус ни одговорија дека согласно Закон,секој може да учествува на јавна набавка за време на постапката лиценцата била истечена биле во законски рок на поднесување на нова, а дополнително велат дека Министерството за транспорт создава правен вакуум со тоа што не им дозволуваат да извадат нова лиценца А за изведба. иако имаат исполнето услови.

  • На 01.04.2025 Министерство за транспорт ги проверуваше лиценците на сите фирми и отприлика 480 фирми останаа без лиценца, најмногу поради недостигот на работна сила, односно бројот на вработени нешто за кое Министерството за транспорт го цени како еден и единствен услов, неводејќи сметка дека луќето во текот на годините се пензионираат и дека се отселуваат, и дека Макаус е во постојано побарување на работна сила од потребните профили, преку АВРМ на РМ. Лиценци се одземаа на надзори, проектанти и изведувачи на градби. Тогаш важеше стариот закон за градба во којшто кога ќе добиеш решение за одземање на лицецна, лиценцата важи до рокот на нејзината важност, се до донесување на правосилна пресуда на Управен и Виш Управен суд бидејќи на решението од Министерство за транспорт не постои право на жалба, туку веднаш те упатува на отпочнување на управен спор. Нашата лиценца важеше до 08.08.2025 и ние си работевме. И Управниот спор се уште се води, јас исполнував услови и треба да ми дадат нова, меѓутоа од Министерство за транспорт создаваат вештачки правен вакуум. Во тој момент и вечниот понудувач беше во иста ситуација, како и многу други компании и тоа стои во решението за жалба од ДКЖЈН како и на листата на компании на кои им беше одземна лиценца. Значи ниту Макаус ДООЕЛ Скопје ниту избраниот “ вечен изведувач“ Универзал Балкан ДОО ги испонуваа условите по 4 јавна набавка за изгрдаба на Универзална Сала!

Росица била контактирана и од „ вечниот изведувач„ на секој можен начин, но и од опозицијата, преку нејзина познаничка, во врска со претходниот јавен повик исто така за Универзална сала. Иако не сакаше да наведува имиња, кажа дека „аберот“ бил испратен од некој од раководството, со цел да се откаже од учество во постапки но најмногиу да се откаже од правото на жалба по донесена одлука на првостепената Комисија за јавни набавки на Министерството за  култура и туризам.

Инфомакс го контактираше и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за да го прашаме дали е информиран дека има такви појави во партијата, односно обиди за влијание за тендер. Филипче ни одговори дека не знае за такво нешто и не предупреди дека невкусно е неговото име да се спомнува во ваков контекст.

– Некој некого барал од опозиција и ти мене ми се јавуваш и утре мене да ми го има името во Универзална сала, многу некоректно. Треба да ми кажеш зошто мене ме прашуваш дали сум јас запознаен. Да расчистиме, кажи ми како и зошто ми се јавуваш мене и зошто моето име треба да биде донесено, сакаш мене да ме цитиаш дека јас демантирам нешто. Јас таа госпоѓа не ја знам, не сум ја контактирал, ниту знам што е со Универзална сала. Ти ако моето име го спомнуваш во тој контекст многу е непријатно. Моето име да го нема никако, ова е крајно непрофесионално, рекла казала“ – вели Филипче.

Процесот со Универзална продолжува. Рокот за жалби по петиот избор помина, што значи дека наскоро би требало да се донесе конечна Решение од ДКЖЈН.

„Ова не е его, јас не морам да ја работам Универзална сала, меѓутоа ова е меѓународен тендер и мора да се избере квалитетен понудувач. Нашите деца утре ќе одат таму, ништо ли не научивме од Кочани? – вели Росица во разговор со Инфомакс.

Да не создадеме нови „газда Дековци“ е главната порака од Росица, Универзална сала да не биде новото Кочани, да се избира квалитет наместо лични интереси, ако тоа воопшто е можно во државава каде и власта и опозицијата „и во петок мрсат“ кога имаат заднички личен интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта и опозицијата местат тендери за Универзална…

Пет јавни повици само во Министерство за…

(Видео) „Македонија е исфрустрирана и агресивна средина…

Одбивам да прифатам дека ова е најдобро…

Тројца Суданци ограбиле 27-годишник во Скопје

Тројца Суданци се уапсени утринава во скопската…

Аеродромот во Тирана со најголем број на…

Албанија се пофали со најмногу патници на…

Скопајнец физички ги нападнал мајка си и…

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека…