Власта не се откажува од 78% повисоки плати – синдикатите бараат работниците да ги стигнат платите на функционерите
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се подобри животниот стандард – вака гласи одговорот на партијата во однос на прашањето дали ќе го укинат минатогодишното зголемување за 78% на платите на функционерите.
Н: Ќе го намалувате ова зголемување?
Марија Митева: Од она што можам да ви го кажам е дека целта е да се направи подобар животен стандард за сите граѓани, да нема толкави разлики во платите какви што ги има.“
Неодамна на брифинг со новинари, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска истакна дека е против намалувањето.
„Не гледам решение во намалувањето на функционерските плати, бидејќи особено министрите работат многу и напорно додека други се одмараат на викенди и празници. Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат јас заминувам“, вели Гордана Кочоска Димитриеска.
Во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваше спротивното.
„Единствен начин е да се измени Законот и да се корегираат коефициентите за сложеност на работните места, со што би се намалила платата на избраните функционерии мислам дека час поскоро тоа треба да го направи Владата, а ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот тоа ќе го поддржи.“, вели Христијан Мицкоски.
Од Синдикатите сега велат дека власта мора да ги почитува Законот за минимална плата и колективните договори.
„Ние никогаш не сме имале проблем со платите на функционерите, затоа што во тој дел функционерите имаа некаде 70-80 илјади денари плата. Ние имавме проблем со почитување на законите за работниците, Законот за минималната плата и колективните договори. Ако во последните четири-пет години се почитуваа тие закони, работниците требаше да ја имаат таа плата. Така што, во тој дел се почитуваат законите за функционерите, а не се почитуваат законите за работниците и колективните договори.“, вели Благоја Ралповски.
Уставниот суд лани укина два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, и со тоа отвори пат за зголемување на платите на над 1000 функционери за дури 78 отсто. Министерската плата стигна до 115 илјади денари, а просечна државна плата изнесува 41 илјада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Власта не се откажува од 78% повисоки…
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се подобри…
(Видео) Спречен е терористички акт во Австрија,…
Десетици специјалци, членови на тимот Кобра и…
Макрон: Мора да се направи се, за…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача…
Србија ја совлада Грција и ја продолжува…
Актуелните олимписки шампиони, ватерполистите на Србија, се…
Вооружените сили на Русија: Запрено е напредувањето…
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на…