Властите попуштија пред народот: Грузија го повлекува спорниот закон за странски агенти
Властите во Грузија попуштија пред народниот гнев и го повлекоа скандалозниот закон за „странски агенти“, кој опозицијата го дефинираше како закон од „руски стил“, пренесоа светските агенции.
40.000 луѓе протестираа синоќа во Тбилиси и се судрија со органите на редот. Немирите продолжија два дена.
Владејачката партија „Грузиски сон“, иницијаторот на предлог-законот, јавното движење „Народна моќ“ и парламентарното мнозинство денеска излегоа со соопштение во кое се вели:
„Мораме да бидеме многу внимателни кон мирот, спокојството и економскиот развој на нашата земја, како и кон напредокот на Грузија кон европската интеграција. Затоа е неопходно да се троши енергијата на секој наш граѓанин не на конфронтација, туку на развој на земјата во вистинска насока“. Имајќи го предвид сето горенаведено, ние како Влада одговорна пред секој член на општеството одлучивме недвосмислено да го повлечеме предлог-законот што го поддржавме без никакви резерви“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе пушење ни на тераса –…
Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет…
Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи…
(Видео) Продолжуваат масовните протести во Србија
Десетици илјади студенти денеска протестираат во Крагуевац,…
Европската комисија бара извештаи за нападите на…
Обвинителството во Белград во изминативе неколку дена…