Влаховиќ: Ме споредувате со Роналдо? Да не претеруваме

t

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ вели дека секогаш е мирен на теренот, без разлика дали ќе постигне гол или не.

Влаховиќ во неделата вечер беше херој на Јувентус со два гола во победата над Лече (3-0). По овој натпревар, новинарите го споредија со Кристијано Роналдо.

„Да не претеруваме! Среќен сум што успеав да му помогнам на тимот. Без моите соиграчи немаше да постигнувам голови. Се надеваме дека ќе продолжиме така“, одговори Влаховиќ на споредбата со легендарниот стрелец со кој Јувентус освои две титули во Серија А и вкупно четири трофеи од 2018 до 2021 година..

Влаховиќ досега оваа сезона има единаесет гола на своето конто, додека минатата сезона имаше еден помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…