ВЛЕН: Осуда за провокациите од Бугарија
ВЛЕН со реакција и осуда на изјавите на некој, како што го нарекоа „маргинален проруски политичар во Бугарија“ кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“.
„Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија. Коалицијата ВЛЕН во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство. ВЛЕН ќе продолжи да работи на заштита на интересите на граѓаните на Северна Македонија и на обезбедување сигурен пат кон европските интеграции“, велат од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Осуда за провокациите од Бугарија
ВЛЕН со реакција и осуда на изјавите…
Алијанса на Села за двојазичните лиценци во…
На одлуката на Гордана Силјановска Давкова реагираше…
Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на…
Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија…
Бугарската Агенција за патишта делумно виновна за…
Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ)…
Бугарските домаќинства со најсериозно зголемување на благосостојбата…
„Материјалната благосостојба на едно домаќинство може да…