Влен се обединува како единствен политички субјект

t

Од коалицијата Влен соопштија дека процесот на обединување влегува во клучна фаза, со како што велат „смели и неповратни одлуки“ за формирање единствен политички субјект. Оттаму велат дека приклучувањето на Алтернатива го зајакнува процесот, кој веќе бил поддржан и од Движењето Беса, Демократско движење и Алијанса за Албанците.

Според Влен, целта е создавање единствена партија како одговор на барањата за поголемо единство и посилна политичка застапеност на Албанците.

Во соопштението се наведува дека процесот се следи со надеж од граѓаните, додека, како што велат, предизвикува загриженост кај оние што ја сметале застапеноста за „приватна сопственост“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Кога во Владата има заробен и…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати директни…

ВЛЕН под притисок од базата – Се…

По резултатите од локалните избори во Кичево,…

Дали Мухамед Хоџа ќе биде министер за…

На првиот состанок на лидерите на ВЛЕН…

ВЛЕН: ДУИ се затворено поглавје

ДУИ/НАИ не ја разбраа казната на гласачите…

Портпаролот на ЗНАМ: Вреди го изигра Орце…

*Објава на Фејсбук на Никола Мемов, портпарол…