ВЛЕН се пофали: После 24 години Законот за правична застапеност станува реалност

t

„Коалицијата Влен го поздравува позитивното мислење на Венецијанската комисија за Законот за фер и соодветна застапеност, презентирано од вицепремиерот Арбен Фетаи, со кое се дава зелено светло на процесот што завршува 24-годишно чекање.

Овој закон е доказ дека кога постои политичка волја, принципот на фер застапеност не останува на зборови, туку се трансформира во ЗАКОН. Фер застапеноста се движи напред, врз основа на европските стандарди и принципот на меритократија.

Влен е решена дека ова прашање повеќе нема да остане заложник на политички игри, туку да се добие целосно законско решение, за професионална, функционална и инклузивна јавна администрација за сите заедници.

24 години, ова прашање се користи и злоупотребува за реторика и политички пресметки, без никогаш да се претвори во законско решение.

Денес, Влен го затвора ова поглавје со трансформирање на фер застапеноста во ЗАКОН.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Мухамед Хоџа ќе биде министер за…

На првиот состанок на лидерите на ВЛЕН…

ВЛЕН: ДУИ се затворено поглавје

ДУИ/НАИ не ја разбраа казната на гласачите…

Портпаролот на ЗНАМ: Вреди го изигра Орце…

*Објава на Фејсбук на Никола Мемов, портпарол…

(ВИДЕО) Мицкоски доби амнезија за изјавите кои…

Денеска при посета на ГОБ „8-ми Септември“,…

ВЛЕН: Ставивме двојазични табли во Белановце, Ќафасан…

Посветеноста и ангажманот на ВЛЕН за Дебар…