ВЛИЈАТЕЛЕН ТВИТЕРЏИЈА Е МЕЃУ УАПСЕНИТЕ ПЕДОФИЛИ ВО СРБИЈА: Имал 10.000 следбеници, така ги наоѓал децата
Во полициската акција „Армагедон“ денеска на цела територија на Србија се уапсени група педофили и сексуални предатори, кои злоупотребувајќи го интернетот вршеле злосторства врз девојчиња и момчиња, а според српски Курир, еден од нив, В.Б. (57), е влијателен твитерџија, пренесува Н1.
Уапсениот твитерџија има речиси 10 илјади следбеници на својот профил, а секојдневно објавува и е многу активен. Уапсен е со група други предатори, меѓу кои и повратници, чии жртви биле деца на возраст од 3 до 14 години, пишува Курир. Тие ги наоѓале децата преку социјаните мрежи, а потоа си разменувале експлицитни фотографии меѓу себе.
Неговите објави се претежно критики за власта и фотографии на високи државни функционери, новинари и уредници на медиумите. Секоја објава има десетици коментари и повеќе од 100 реакции.
Во акцијата се одземени компјутерите на осомничените и прибавени се конкретни материјални докази за одредени кривични дела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…