Влaдата на Таче ќе ја легализиpa мapиxyаната во Македонија

t

Мандатарот Димитар Ковачевски вчера ја достави владината предлог-програма до Собранието. Меѓу другото, таа се осврнува и на употребата на марихуаната, пренесува Фокус.

Според програмата, Владата ќе ги интензивира политиките и активностите за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот.

Преку измена и дополнување на законодавството, ќе се бараат решенија за да се дозволи освен лекари од јавното, и лекари од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара (орално, преку инхалација или преку
супозитории).

Законодавството, покрај регулирањето на правата на лиценцираните правни лица – производители, има потреба од сериозно надополнување по однос на личната употреба на канабисот на граѓаните и решавање на ова актуелно прашање. Имајќи го предвид фактот што засега голем број граѓани се прогонувани заради употреба на природната билка канабис, што ги става во неповолна положба во однос на другите граѓани, а со тоа им се загрозуваат нивните лични човекови права загарантирани со Уставот и меѓународните ратификувани договори, се попречува личниот и економскиот просперитет и социјален развој, се вели во предлог-програмата.

Владата во следниот период ќе работи на следниве прашања:

-Декриминализација и легализација на поседување и лична употреба;
-Декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба;
-Разгледување можности за основање и работење на социјални клубови;
-Зголемување на бројот на здравствени состојби за кои може да се користи канабис;
-Дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препрати од канабис и
можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може
сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба
(орално, преку инхалација или преку супозитории);
– Основање на агенција за канабис (и во нејзин склоп);
-Формирање фонд од давачките што ќе ги плаќаат правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…