ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага
ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага. – се вели во соопштението н СДСМ
Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки.
Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче.
Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ветени градинки не е изградена.
Денеска, Митевски по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради 5 нови градинки.
Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром е безобразно и срамно!
Над 700 деца секоја година остануваат на листа за чекање поради недостиг на капацитети.
Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески и неговиот претходник Муцунски:
Каде е ветената градинка кај ОУ „Браќа Миладиновци“?
Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?
Каде е ветената градинка кај последна 17-ка на Тодор Чангов?
Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?
Полни усти со ветувања пред изборите во 2021 година, 4 години подоцна уште поголеми ветувања, а нула реализација.
Граѓаните на Аеродром не заслужуваат вакви лажни проекти и лажни ветувања. Времето на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во општина Аеродром, заврши! – додаваат од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки,…
ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки,…
Македонец до смрт претепан во Љубљана
Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше…
Орбан изјави дека ЕУ се распаѓа, Унгарија…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија…
Обезбедени се средства за плата на вработените…
Ве информираме дека по 7 дневните протести…
Падна француската влада: премиерот даде оставка само…
Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка…