ВМРО-ДПМНЕ ги зајакнува редовите со Орце Ѓорѓиевски како нов претседател на Градскиот Комитет
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес беше избран за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорѓиевски изрази благодарност за укажаната доверба силно обединување на сите комитети кои рамо до рамо, мотивирани и единствени во намерата ќе го вратат сјајот не само на Скопје, туку и на Македонија.
„Со огромно задоволство, но со исто толкава доза на одговорност ја прифаќам обврската да застанам на чело на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дадена од претседателот Христијан Мицкоски и Извршниот комитет.
Поминавме долг пат до сега, пат кој не беше воопшто лесен и беше испреплетен со многу предизвици, кочници и притисоци, кој не беше послан со ружи, туку со трња и камења. Но, успеавме!
Со силна мотивација и борба за она што веруваме успеавме половина од тој пат да го поминеме.
Ама ние сме ВМРО и нас ни треба целосен успех, успех за она што значи Македонија силна, модерна и просперитетна, Македонија без криминал и корупција и без поделби по сите основи помеѓу народот, држава во која сите ќе се чувствуваат подеднакво, каде нема да има заштитени и погазени, каде ќе се почитува своето минато, историјата и аманетот од предците, Македонија која нема да се раскрчмува на делови и секој да го граба она што не му припаѓа.
А таква Македонија може да биде само ако патот го трасира ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа, честа е моја да покрај силната посветеност за моите сограѓани од Кисела Вода, додадам камче во мозаикот и овде, заедно со целиот тим во кој силно верувам.
Како претседател на Градскиот комитет ќе се заложам за силно обединување на сите комитети но и зголемување. Рамо до рамо, мотивирани и единствени во намерата ќе го вратиме сјајот не само на Скопје, туку и на Македонија.
Најавувам работа, работа и само работа.
Упатувам огромна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.д-р Христијан Мицкоски и до Извршниот комитет за укажаната чест и доверба.“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…
Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…
Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…
Земјоделците никогаш не биле по понижени, а…
Земјоделците никогаш не биле попонижени и посиромашни…
По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија…
На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ,…
Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…
Денеска се одржа седница на Комисијата за…