ВМРО-ДПМНЕ објави победа во прв круг во Охрид, Радовиш, Ресен и во Свети Николе

t

ВМРО-ДПМНЕ објави неофицијални изборни резултати според кои партијата бележи убедливо водство во повеќе општини низ државата. Според бројките што ги соопштија од штабот, разликата во гласови во повеќето места е значителна.

Според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, во Струмица, родниот град на поранешниот премиер Зоран Заев партијата на Христијан Мицкоски освои 1.164 гласови, наспроти 659 за СДСМ. Во Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ наводно води со 2.394 гласови, следен од СДСМ со 892, додека Левица има 817. Слична е ситуацијата и во Кисела Вода, каде што резултатот наводно изнесува 1.744 спрема 576 за СДСМ, а Левица има 561 глас.

Во источниот дел од земјата, партијата тврди дека бележи доминација: во Делчево ВМРО-ДПМНЕ има 1.055 гласови, СДСМ 290. Во Радовиш резултатот е 2.637 спрема 932, додека во Пробиштип ВМРО-ДПМНЕ има 421 наспроти 258 за СДСМ.

Во Петровец, според ВМРО-ДПМНЕ, разликата е уште понагласена — 1.402 гласови за ВМРО-ДПМНЕ, а само 212 за СДСМ. Во Илинден, резултатот е 2.202 спрема 249, со 260 гласови за Левица. Во Велес, според неофицијалните податоци, ВМРО-ДПМНЕ има дури 6.266 гласови, а СДСМ 1.306.

Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопштија дека нивните кандидати веќе ја обезбедиле победата во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен и Свети Николе, а на прагот е и голема победа во Струмица — град кој со години важеше за еден од бастионите на СДСМ.

Во дел од општините веќе владее славеничка атмосфера, се пуштаат патриотски песни, а граѓаните се собираат пред партиските штабови.

Од СДСМ, пак, засега нема официјален коментар за неофицијалните резултати, но најавуваат дека ќе се огласат на прес-конференвија во 20:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ објави победа во прв круг во…

ВМРО-ДПМНЕ објави неофицијални изборни резултати според кои…

Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од…

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека…

OJO: Мал број на сомненија за кривични…

Јавните обвинителства во текот на целиот ден…

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 46,65%…

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до…

Ако денеска не се избере градоначалник, втор…

Во 19 часот се затвораат избирачките места,…