ВМРО-ДПМНЕ сака да ги остави вработените во ЈСП без плата
Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска жестоко одговори на обидите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ да создадат криза во работењето на Јавното претпријатие ЈСП – Скопје, а со тоа да наштетат на вработените во претпријатието и на сите скопјани кои користат јавен превоз.
Месец за месец тука да се состануваме и да му одобруваме на претпријатието дали ќе земе или не средства, запраша Арсовска.
Очигледна е целта на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат хаос во работењето на јавното претпријатие забележува Арсовска. Со овие обиди на ВМРО-ДПМНЕ во советот да средствата за ЈСП се оделуваат месец за месец се создава дополнителна несигурност за сите вработени кои нема да знаат кога ќе земат плата, а несигурноста се однесува и за обезбедување на гориво за автобусите чиј цени вртоглаво растат од ден во ден.
– Да кажавме дека ЈСП ќе се консолидира, да рековме дека ЈСП ги подмирува трошоците кои се зголемени поради енергетската криза, говориме за енергетска криза која што повеќекратно ги зголеми цените на енергенсите, на нафтените деривати и мазутот. Меѓутоа ова претпријатие треба да работи стратешки, стратешки значи дека не треба да зависи од вољата дали утре ќе се свика совет, дали ќе има кворум, дали некој е болен, дали има воља, желба, дали градоначалникот е од друга опција за да се направи кворум во советот за да се изгласа одлука да во наредниот месец функционира ова јавно претпријатие. За јавното претпријатие вие треба да обезбедите сигурност. Вие не можете да барате средства за ЈСП да се одвојуваат на рати, да живеат луѓето на рати, да не знаат дали ќе имаат плата за следниот месец. Па во јануари, февруари секој месец на буџетот кој веќе сте го изгласале. Сигурноста мора да им ја обезбедите не само на овие луѓе кои работат таму, туку сигурност дека ќе има нафтени деривати на кои возат овие автобуси и со кои што скопјани имаат јавен превоз, вели Арсовска.
Арсовска уште еднаш за крај апелираше до советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги одобрат средствата за ЈСП бидејќи истите се круцијални за работата на претпријатието, но и се во интерес на сите скопјани.
-Дали ќе одлучите дека возрасните лица ќе имаат бесплатен превоз по први јануари е ваша одлука, дали ќе одлучите дека студентите ќе имаат бесплатен превоз по први јануари е ваша одлука, дали ќе одлучите да биде загрозено работењето на ЈСП по први јануари е ваша одлука. И да повторам уште еднаш во 30 години Град Скопје ниту еднаш не се спорело субвенционирање на јавно претпријатие кое е со години девастирано и со милионски долгови, тоа не е од вчера од минатата година или овие 12 месеци, со децении е таква работата и се помага прептријатието од истата причина, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…