ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица на Унгарија

t

Состојбата кај македонската дипломатија не може да се оцени, бидејќи не постои. Постојат некакви обиди за меѓународни односи, изјави на меѓународен план, но тоа е далеку од сериозна дипломатија со јасен концепт. Ова е еден брод што плута, една дезориентирана дипломатија која нема ниту визија, ниту концепт како ќе ја води државата, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Тој потенцираше дека македонската дипломатија е во сериозна криза и целосно дезориентирана. ВМРО-ДПМНЕ, преку својот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, продолжува да го потврдува својот аматерски пристап кон водството на државата и дипломатијата.

Политиката што ја спроведува Мицковски е според девизата „Ако си катастрофален градоначалник на општина, тогаш ќе станеш министер за надворешни работи“, и така го добивме Тимчо Муцунски, кој не е вистински фактор во надворешната политика, додека пак други клучни играчи во партијата немаат јасна визија за државата и не преземаат конкретни чекори за подобрување, рече Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица…

Состојбата кај македонската дипломатија не може да…

300 лекари од Клинички од 1 јули…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави…

Иранското нуклеарно познавање не може да биде…

Иран изјави дека неговото нуклеарно познавање не…

(Видео) Данела повторно се вклучи во живо:…

Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата…

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината…