ВМРО-ДПМНЕ ќе го пpeгази СДCM: Мицкоски со три пати поголем рејтинг од Ковачевски – во пратеници разликата ќе биде голема
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022 на 1124 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за изборот на новата Влада.
Заради запазување на релативноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Во истражувањето, граѓаните ги изразувале своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и за политичарите, како и за изборот на новата Влада.
Како што и можеше да се претпостави како тренд по локалните избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ располага со највисок рејтинг меѓу бирачите. За оваа партија на парламентарни избори би гласале 22,5 отсто од испитаниците, додека за владејачката СДСМ гласот се спремни да го дадат 17,9 отсто од анкетираните.
Многу е висок процентот на граѓаните што во моментов не знаат за кого би гласале (18,3 отсто), а 14, 4 отсто од испитаниците категорично порачуваат дека на наредните избори нема да поддржат ниту една политичка партија. 11,2 отсто од лицата од кои е побаран одговор, не сакале да кажат која политичка опција ја поддржуваат во моментов.
Најголемиот дел од испитаниците (32,8 отсто) изјавиле дека немаат доверба во ниту еден политичар, а од тие што сепак веруваат некому, најмногу се определиле за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (17,7 отсто). Зоран Заев се откажа од политика, но тој и натаму располага со релативно висок процент на доверба меѓу граѓаните (9,5 отсто), што не може да се каже и за неговиот наследник Димитар Ковачевски, на кого му веруваат 5,5 отсто од испитаниците.
Али Ахмети затоа може да се пофали со 7,1 отсто доверба кај испитаниците.
Граѓаните сметаат дека нема да има подобрување со изборот на новата Влада и дека нема да се надмине политичката криза во Македонија.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението на Република Македонија. Во него беа запазени демографските спецификина населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за нова Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…