ВМРО-НП бара бојкот на музиката и изведувачите од поранешна Југославија

ВМРО-НП, партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, повика на бојкот на концертите на музичките групи и изведувачи од поранешна Југославија кои гостуваат во земјава.
„Економската комисија на ВМРО-Народна партија констатира дека во последната година имаме драстично поскапување на музичките услуги, а со тоа како на концертните така и на билетите по дискотеките на сите музички групи од поранешна Југославија кои доаѓаат во нашата држава и притоа ги преполнуваат дискотеките и концертните сали“, велатод партијата.
„Така на пример само за настап во дискотека на група или пејач поединец од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра. Предлагаме кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи, со што на тој начин македонскиот потрошувач не само што ќе заштеди лично повеќе средства, туку и ќе ѝ помогне на македонската музика, а и на македонската економија во целина“, пишува во соопштението од ВМРО-НП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-НП бара бојкот на музиката и изведувачите…
ВМРО-НП, партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски,…
Да се укинат приватните пензиски фондови, за…
ВМРО-Народна партија смета дека решението на проблемот…
ВМРО-НП го осуди нападот врз охриѓанецот кој…
Во современата цивилизација кон која сите ние…
Се јавија и ВМРО-НП: Ќе поддржат уставни…
ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на…
ВМРО-НП: Овој предлог е најдобар досега ама…
ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои…