ВМРО-НП: Овој предлог е најдобар досега ама ги разбираме оние кои се против напредокот
ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат, велат од оваа партија.
Не може да ги разбереме оние политичари и интелектуалци кои со сила и свесно, како што истакнуваат од партијата на Љубчо Геoргиевски, најверојатно поради партиски причини, сакаат да ги манипулираат македонските граѓани.
„Како што видовме во вчерашните реакции најмногу се манипулира со местото на македонскиот јазик во понатамошниот наш пат кон Европската Унија. Ако нешто е кристално јасно во овој договор тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран и тоа ќе биде јазикот со кој понатаму Македонија ќе комуницира и договара со целиот свет. На крајот на краиштата излегува дека всушност најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот на Реублика Северна Македонија. А ако на некој тоа му пречи тогаш за тоа ќе треба да се прави посебна анализа“, се потенцира во реакцијата од ВМРО-НП.
„Околу правните процедури дека можеле пак да ни стават вето сакаме да потсетиме дека тоа не е поради овој договор туку поради реформите кои Европската Унија ги направи пред три години, на иницијатива на Франција. Таа можност апсолутно не е предизвикана од страна на нашиот источен сосед. Затоа ВМРО-Народна партија уште еднаш смета дека францускиот предлог е досега најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со соседна Бугарија“, се истакнува во напишаното од страна на ВМРО-Народна партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да се укинат приватните пензиски фондови, за…
ВМРО-Народна партија смета дека решението на проблемот…
ВМРО-НП го осуди нападот врз охриѓанецот кој…
Во современата цивилизација кон која сите ние…
Се јавија и ВМРО-НП: Ќе поддржат уставни…
ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на…
ВМРО-НП: Овој предлог е најдобар досега ама…
ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои…
ВМРО-НП го прифаќа предлогот: Нема ништо што…
ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета…