Внимавајте:Отстранети пешкири, лежалки, чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
Нелегално поставените сонцобрани, лежалки, крпи и други слични предмети на јавен имот, на плажите во Полихроно и Калитеа, беа дислоцирани, конфискувани и пренесени на рециклажа, во склоп на инспекциите кои ги спроведува општината Касандра, на првиот крак на Халкидики, пренесе дописничката на МИА од Атина.
Општината Касандра презентираше фотографии и изјави дека акцијата се одвивала во рамките на засилените инспекции за заштита на јавната природа на плажите, реализирана со поддршка од полицијата и без претходно известување, согласно законот.
Елиминираните предмети најчесто ги оставаат туристите на плажите во текот на ноќта, со цел да си резервираат место за следниот ден.
Сите предмети, столчиња, лежалки, сонцобрани, крпи, душеци за пливање, се одземаат, не се враќаат на поседниците и се транспортираат во рециклажниот центар.
Инспекциите ќе продолжат и ќе се прошират низ целиот прв крак, а од општината нагласија дека “плажите им припаѓаат на сите” и апелираа да се почитува јавниот простор.
Слични инспекции и акции имаше и претходните години, а од општината Касандра во средата, преку соопштение и објава на социјалните мрежи на три јазици: англиски, германски и српски, го најавија интензивирањето на инспекциите за отстранување на предмети што недозволиво го заземаат јавниот и слободен простор на плажите.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внимавајте:Отстранети пешкири, лежалки, чадори поставени без дозвола…
Нелегално поставените сонцобрани, лежалки, крпи и други…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…
Турист се удави на плажа во Бугарија
Србин се удави на море во туристичкото…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Полицаец пронашол камена гробница од античко време…
Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…