Внимавајте каде паркирате кога одите во Солун – градот воведе блокатори на тркала

t

Општина Солун почнува со поставување блокатори на тркала за сите возила кои непрописно се паркирани и оваа мерка важи без исклучок и за странските туристи, вклучувајќи ги и многубројните Македонци кои често го посетуваат градот за шопинг или прошетка.

Според надлежните, блокаторите ќе се ставаат на возила паркирани на места наменети за жители, на рампи за лица со попреченост и во зони за товарење и истовар, кои се критични локации за движење и пристап.

„Паркирањето на стотици возила со странски таблички, особено во туристичката сезона, стана секојдневие. Имаше и случаи кога возачите вадеа регистарски таблички за да избегнат казна. Ова повеќе нема да помине“, соопштува Општина Солун.

Ако забележите дека вашето возило не може да се придвижи, тоа значи дека е блокирано со блокатор на тркало. Потребно е да се јавите на бројот на општинската полиција: +30 2313 317930, да ја платите казната, по што само надлежните ќе ја отстранат блокадата.

Заменик-градоначалникот задолжен за општинската полиција, Костас Циапакидис, изјави за грчката агенција АНА-МПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте каде паркирате кога одите во Солун…

Општина Солун почнува со поставување блокатори на…

Во Грција преку граничниот премин Евзони дневно…

Дневно поминуваат околу 25.000 луѓе и излегуваат…

Грчките работодавци патуваат низ Европа, ги повикуваат…

Грчката министерка за труд е на турнеја…

Од топлотен бран до бури: Силно невреме…

Силното невреме што го погоди Солун во…

Балкан туризам: ЗА НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА…

Нема никој што не однел храна на…