Внимавајте од каде јадете пилешко – епидемија на птичји грип дивее во соседна Бугарија

t

Бугарските ветеринарски власти денес започнаа со уништување на преку 39.000 пилиња во селото Криво Поле, на југот на земјата, откако е потврдена епидемијата на птичји грип кај две индустриски фарми, соопшти Минко Ангелов, гувернер на Хасковската област.

Ангелов објасни дека две фарми за живина се погодени со високо патоген вирус на птичја инфлуенца тип А.

Ова е втора епидемија во селото Криво Поле од април, кога се убиено повеќе од 40.000 кокошки.

Во Европа и Азија во последните недели се прошири тежок облик на птичји грип, кој е фатален за живината.

Птичјиот грип не може да се пренесе преку храна, но постојат случаи на зараза кај луѓе што предизвика загрижениост кај епидемиолозите, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…