Внимавајте: Повторно фатени фалсификувани банкноти од 100 евра во Струга
Два нови случаи на пуштање во промет на фалсификувани евра се забележани во Струга. Како што информираше МВР:
На 07.02.2022 во 12:45 часот во ОВР Струга, вработен на бензинска пумпа на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга пријавил дека во 03:50 часот на бензинската пумпа две лица платиле за купени производи со банкнота од 100 евра, за која по извршена проверка во менувачница било потврдено дека е фалсификат. Банкнотата била одземена за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.02.2022 во 23:15 часот во ОВР Струга, вработен во спортска обложувалница на улица „Маркс Енгелс“ пријавил дека во 22:12 часот во обложувалницата две лица му побарале да им размени банкнота од 100 евра, за која подоцна утврдил дека е фалсификат. Банкнотата била одземена за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брука: Деца и родители се тепале во…
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог…
Поништена е акредитацијата на факултетот за здравствени…
Одборот за акредитација на високото образование на…
Московската берза го запира тргувањето со американски…
Од 13 јуни Московската берза престанува да…
Од денес во Косово се плаќа само…
Како што јави РТК, вчера заврши преодниот…
Се расправале, нападнале вработен и оштетиле возила:…
На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во…