Објавено на:

Внимавајте: Портокалово ниво на опасност, денеска до 41 степен

t

Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде особено топло и дневната температура наместа ќе надминува 40 степени. Во Скопје максималната температира ќе достигне 41 степен.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вреднсот 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

УХМР до крајот на оваа седмица прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

-Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради новиот топлотен бран во првите три дена од оваа работна седмица, до утре (14 август) важат препораките за намалување на ризиците од високите температури кои ги усвои Владата на седница во неделата, на барање на Министерството за здравство.

Со препораките за превенција, ослободени од работните обврски се најранливите групи население – бремените жени и лицата постари од 60 години.

На работодавачите им е препорачано од 12 до 14 август да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено односно да се избегнуваат работни активности на отворено од 11 до 17 часот, а во тој период од денот да не се изнесуваат ниту децата од градинките и тие да немаат физичка активност.

На општините, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран им се укажува да им помогнат на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте: Портокалово ниво на опасност, денеска до…

Портокаловото ниво за опасност од високи температури…

Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…

Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…

ЕУЛЕКС: Ја следиме безбедносната ситуација во Косово

Мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат,…

Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…

Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми

На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…