ВНИМАНИЕ: Од лажна паркинг карта со QR код се извлекуваат пари преку измама

t

ЈП Паркинзи на Општина Центар издаде предупредување за граѓаните во врска со поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК), на која дизајнот и логото на претпријатието се злоупшотребени. Според соопштението, на лажната карта е поставен QR код, кој при скенирање води до веб-адреса без поврзаност со ЈП ПОЦ, со цел да се извлечат парични средства преку измама.

„Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат“, апелираат од ЈП Паркинзи. Претпријатието нагласува дека единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК е https://users.poc.mk/PayDpk.

„Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните“, додаваат од претпријатието.

ЈП Паркинзи апелира гражаните да внимаваат на овие измамнички активности и да се обратат на надлежните органи доколку забележат сомнителни документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од Центар утре ќе биде без…

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…

Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле…

Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила…

Дојави за експлозивни направи во три училишта…

Општина Центар информира дека утринава во ООУ…

Отстранет дефектот на магистралниот вод на булевар…

Испораката на топлинска енергија во општина Центар…

Герасимовски: Доставена иницијатива до ЗЕЛС за итни…

Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со…