Внукот на Бенајун убил тројца напаѓачи и го спасил цело семејство од ликвидација: Се уште сум во шок, се случи чудо!

t

УЕФА ги суспендираше сите фудбалски активности во Израел поради шокантните случувања во оваа земја во изминатите неколку дена, во која буквално владее воена состојба после нападот од исламската група Хамас.

Повеќе од 1000 невини луѓе од Израел го загубија животот во изминатите два дена и бројките продолжуваат да растат, а со вистинска драма се соочил и познатиот поранешен фудбалер од оваа земја, Јуси Бенајун.

Некогашната ѕвезда на Ливерпул ја потврди сторијата која ја пренесоа израелските новинари и призна дека мислел дека загубил дел од семејството, откако неговите внуци биле заробени од четворица вооружени лица од Хамас.

Според информациите, еден од неговите блиски бил застрелан и успеал да се сокрие за да не биде ликвидиран, по што следел херојски чин од другиот внук на Бенајун со име Шакед. Внукот на Јуси им се спротивставил на напаѓачите како момче кое е дел од специјалната единица на Израел, па успеал да убие тројца од четворицата, со што го заштитил цело свое семејство и го спасил од ликвидација.

Оваа вест ја потврди и Бенајун кој е актуелен спортски директор на израелската фудбалска федерација, откривајќи дека добил порака во која неговите внуци барале помош.

– Се уште сум во шок, тоа што се случи беше чудо. Добив порака во која ми бараат помош и го преживеав најтешкиот ден во мојот живот. Во еден момент прифатив дека сите се убиени, но тогаш се случило чудо благодарение на херојскиот чин на мојот внук, – открива Бенајун во интервјуто за „Инет Спорт“.

Foto:instagram.com/benayoun15

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…