Воената академија во САД: Не сме спремни за војна со Русија
Извадок од тримесчната публикација на Воениот колеџ на армијата на САД:
Пред 50 години, армијата на САД се соочи со стратешка пресвртница, по неуспешната антибунтовничка војна во Виетнам. Како одговор за лекциите научени од војната Јом Кипур армијата на САД ги промени доктрините и тренинзите кои до тој момент беа направени како пандан на конвенционалната Советската закана. Денес армијата мора да ги прифати лекциите од украинско-руската војна и да ги промени доктрините со новите предизвици, а тоа е да се спрема за повеќеслојни воени операции од големи размери.
50 години подоцна, армијата на САД се соочува со нова стратешка пресвртница, или избор, фундаментално да се смени како армијата се подготвува за следниот конфликт. Одбрамбениот естаблишмент во САД полека мора да излезе од 20 годишните операции против бунтовничките сили и да почне да ја прифаќа новата воена парадигма, која се состои од повеќеслојни воени операции од голем размер како што ги гледаме во Украина. Војната во Украина дава поглед на иднината на војната која ќе е обележана преку напредни автономни оружани системи, вештачка интелегенција и број на жртви какви што не сме виделе ниту искусиле од крајот на Втората светска војна.
Американската армија која уште ги чувствува впечатоците од лекциите од Авганистан, сега мора брзо да ја прифати војната во Украина како шанса за прогрес во креирањето на нови сили и стратешки насоки, како што тоа го направи пред операцијата Дезерт сторм. Есента 2022-ра, тим од студенти на Воената академија на армијата на САД се собраа во овој повик за акција. Тимот верува дека војната во украина е повик за будење на САД, кој треба да ја разбуди војската која мора да почне со коренити промени во тренинзите, едукацијата, и доктрините во сите ешалони на армијата со цел побрзо да ги научи лекциите и да ги имплементира во реалноста.
Американското воено лидерство ги препозна тектонските поместувања во геополитиката, кога генералот Марк Мили, Претседавачот на Заедничкиот генералштаб, ја нарече војната во Украина најголемата закана за мирот и стабилноста во Европа и Светот. Конфликтот во Европа со доаѓањето на вештачката интелегенција, автономните оружени системи, хиперсоничниоте ракети покажува фундаментална промена на карактерот на војните и начинот на борба. Армијата на САД мора да ги научи лекциите од оваа војна и да ги примени со коренита промена на доктрините, тренингот, материјалот, едукацијата, армиското лидерство и организирањето.
20 годишните против-бунтовнички и против-терористички операции во Средниот исток со доминација во воздух, доминација во разузнавањето, доминација во електронското војување и непречена комуникација, генерираа синџири на команда кои се потпираа на перфектна комуникација и перфектен преглед на военото поле со доминација во сите сфери на операциите и со чиста слика над операциите која ја има генералштабот и другите командни центри. Руско Украинскиот конфликт покажа дека во ваков тип на конфликт каде непријателот има високонапредни оружја за електронско војување и попречување на комуникациите во сите сфери на военото поле, ни покажува дека електромагнетниот бран кој би го емитувал командниот центар веднаш би се лоцирал и би бил предмет на напад и уништување. Поради сето ова Армијата на САД мора да се подготвува и да се фокусира на креирање на командни центри кои би биле мобилни и кои би биле цело време во движење, исто така треба да се синхронизираат сите операции преку командата и контролата за да има минимална емисија на електронски трагови преку кои непријателот би ги лоцирал како мети.
Руско украинската војна открива голема ранливост во Армиската стратешка оператива во длабочина и можноста за претрпување висок број на жртви и нивна брза замена. Армиските медицински лица ќе треба да антиципираат и да оддржат околу 3600 жртви дневно (мртви, ранети и разболени војници), а армијата ќе треба да најде замена за жртвите со стапка на замена од 25% дневно или 800 нови војници дневно да бидат спремни да ги заменат секој ден додека трае конфликтот. Како за споредба САД имаа 50 000 жртви во антитерористичката борба во Ирак и Авганистан последните две декади, а во ваква војна со широки размери како војната во Украина, овој број на жртви ќе бидат надминат по само 2 неделна борба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…