Возачи бидете внимателни: Можна појава на одрони на овие патни правци

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одрони во дебарско поради обилниот дожд

Поради чести одрони и влажни коловози на…

Одрон на патниот правец Маврови Анови –…

Поради поголем одрон на патниот правец Маврови…

Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и…

АМСМ соопшти дека на два километра пред…

Внимвајте ако возите кон Катланово – Велес,…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Избегнувајте движење по засеци и во близина…

ЦУК, согласно известувањата од УХМР, препорачува голема…