Објавено на:

Возачот е повреден, од цистерната која се преврте кај Гевгелија се излеале 25 тони нафта

t

Возачот на камионот-цистерна со нафта, кој денеска изутрина се запали по излетување од патот Гевгелија – Богданци, се здобил со полесни телесни повреди. Според зборовите на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во моментов се спроведува сигурно отстранување на излеаното гориво.

Ангелов претходно извести дека огнената стихија била експресно локализирана од страна на огнеборците, а поради несреќата, прометувањето на делницата Гевгелија – Богданци е во застој.

“Претпладне камион цистерна кој транспортирал 25 тони нафта излетал надвор од магистралниот пат Гевгелија – Богданци, при што дошло до негово превртување, а при превртувањето дошло до продупчување на самата цистерна во која биле складирани овие 25 тони нафта.”

“Нафтата почнала да истекува, од ударот најверојатно дошло до нејзино палење по што се кренал црн и густ чад кој предизвика вознемиреност кај локалното население,” изјави Ангелов во видео обраќање.

Тој соопшти дека пожарникарите од Гевгелија, со употреба на специјална пена, го изгаснале пожарот и нагласи дека возачот на камионот не е тешко повреден. “Во разговор со командирот на гевгелиските пожарникари бев известен дека има специјална пена со која ќе се обидат да го изгаснат пожарот. Набргу тие беа на лице место, го изгаснаа опожареното место со нафта и добро е тоа што дизелот истекува во блискиот канал непосредно покрај самиот пат. Пожарникарите истурале поголема количина на песок на неколку места со што нафтата останува заробена во каналот.”

“Во меѓувреме стапивме во комуникација со сопственикот на цистерната. Од негова страна е организирана друга цистерна како и пумпи за испумпување на нафтата и од превртената цистерна од која горивото се уште истекува, но ќе биде собрана и нафтата која што се наоѓа во каналот. По отстранување на нафтата, ќе се истури ситен песок врз местото кој што треба да ги апсорбира остатоците од нафта, а потоа истиот ќе биде пренесен на безбедно место,” објасни директорот на ДЗС.

Ангелов потенцираше дека веднаш по превртувањето на цистерната, на самото место пристигнале службеници на МВР, а присуствувале и инспектори на ДЗС и од Министерството за животна средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачот е повреден, од цистерната која се…

Возачот на камионот-цистерна со нафта, кој денеска…

Среќна нова 1984-та: Дозвола за вистина? Владата…

Новиот нацрт-закон за отворени податоци, кој официјално…

ДУИ: Извртување на тезите на Ахмети, Македонија…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро реагира…

„Почитуваниот другар“ Ким Јонг Ун доби честитки…

„Почитуваниот другар Ким Јонг Ун доби честитки…

Бугарија ѝ помогна на Македонија со 1.5…

Советот на министри одобри Одлука за обезбедување…