ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈА: Повредени се уште 12 македонски државјани!
Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во 09:30 часот на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија во која учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија, информираше Министерството за надворешни работи на Република Македонија повикувајќи се на информации од Амбасадата во Рим.
На местото на несреќата починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така македонски државјани.
Според италијанските медиуми, сообраќајката се пrетворила во вистински огнен пекол зашто автобусот учествувал во верижен судар во тунелот „Винчи“ во Купра Маритима, со уште две тешки товарни возила, меѓу кои и едното со алкохолни пијалоци кое изгорело во пламенот.
Според медиумските извештаи, двајца од повредените се во потешка состојба.
Еден од повредените е префрлен со авионска брза помош во регионалната болница во Торете ди Анкона, уште еден бил пренесен во регионалниот Центар за траума, двајца се во Мури ди Фермо и седум во Сан Бенедето дел Тронто
Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…