Возете внимателно! Можност за појава на одрони на повеќе патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Пренасочен сообраќај-Охрид: Во 03.30ч непрооден патен правец Охрид-Св.Наум дел од стовариште „Митко“, десна коловозна лента во правец на Охрид околу 100м, има вода од околу 30см. УПС пренасочува сообраќај по лева коловозна лента. На м.н. ТППЕ. Известени ЈП Македонија Пат.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 година е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возете внимателно! Можност за појава на одрони…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Одрони во дебарско поради обилниот дожд
Поради чести одрони и влажни коловози на…
Одрон на патниот правец Маврови Анови –…
Поради поголем одрон на патниот правец Маврови…
Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и…
АМСМ соопшти дека на два километра пред…
Внимвајте ако возите кон Катланово – Велес,…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…