Објавено на:

Возилата во Косово од денеска мораат да имаат налепници на регистрациите

t

Возилата на Косово од денеска мора да имаат налепници за регистрациите.

Од денеска ниту едно возило регистрирано на Косово не смее да вози без налепница за регистрација, соопшти Бирото за осигурување во Приштина. Налепниците, како што наведоа, докажуваат дека возилото го завршило процесот на регистрација и е осигурано, објави Радио Контакт плус.

Примената на налепниците за регистрација во Косово започна на 15 март минатата година. Процесот беше целосно финансиски поддржан од осигурителните компании во покраината.

„Првата година налепницата беше црвена, годинава ќе биде зелена. Практично денеска е прва година, па од четврток ниту едно возило на патиштата на Косово не смее да биде без налепница“, посочил директорот на бирото Сами Мазреку, пренесува Косев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…