Возилото што со „флешери“ и бегало од полицијата не било управувано од синот на заменик-министерот во МВР
Не може да има недопирливи. Зошто политичарите би биле попривилегирани во однос на други? Меѓутоа не можеме да правиме нешто кое не се базира на реални податоци, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со синот на заменик-министерот во МВР, Назим Буши, управувал со автомобил со „флешери“ и бегал од полицијата.
Сепак министерот тврди дека тоа не се точни информации.
-Кои беа написите што беа потенцирани во дел од медиумите? Прво дека возило ауди што се возело со голема брзина не застанало пред полициски службеници, па дека некој го пропуштил, па дека бил син на заменик министер, па дека било службено возило на СОЗР..Возилото се води на правен субјект, не е на физичко лице. Во тој момент, возилото не било управувано од синот на заменик министерот. Овие работи ги тврди Внатрешна контрола, иако ние покренавме постапка во Внатрешна контрола за да видиме дали можеби тоа возило било службено бидејќи такви беа првичните најави. Се утврди дека возилото е ’мерцедес‘, не е ’ауди‘. Дадени се насоки од Внатрешна контрола и продолжуваат со повикување на сопственикот на возилото, рече Спасовски во емисијата „Само вистина“.
Министерот повика сите кои располагаат со одредени податоци да достават во Обвинителството и да не се шират шпекулации. Според Спасовски, никој не е неказнив и сите се еднакви пред законите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…