Возило се преврте кај кавадаречкото село Дреново
Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото село Дреново, возило излетало од патот и се превртело.
Екипа на итната медицинска помош Кавадарци е на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес информираа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот Кавадарци.
Според првичните информации, кавадаречките пожарникари се обидуваат да ослободат едно лице приклештено во возилото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со…
При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци…
Здравство реагира по смртта на детето од…
По трагичната смрт на тригодишно дете од…
19-годишник ограбил повозрасна жена во Кавадарци
На 25.05.2025 во 01.20 часот на улица…
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Владата на ДПМНЕ се фали со проекти…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата…