Вознемирувачко видео од пукањето во Ист Гејт Мол!

t

На социјалните мрежи е објавено видео од пукањето во Ист Гејт Мол при кое се повредени две лица, едниот од нив е во критична состојба.

На видеото се гледа како двете лица на кои е пукано излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.

Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.

Инаку, како што дознава Инфомакс, по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Двете лица ќе бидат оперирани.

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во село Горна Матка, повреден жител…

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот…

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…

Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…

Убоди со нож и пукање – Обид…

Поднесена е кривична пријава од страна на…