(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Нема крај на булингот во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола – Родител објави фотографија од неговото дете со модрици во болница!

t

Насилен ученик со години малтретира соученици во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Битола, јавуваат загрижени родители од училиштето кои за Инфомакс изјавија дека нивните деца се секојдевно малтретирани и психички и физички од страна на насилен ученик, а никој не презема ништо.

Инфомакс за овој случај пишуваше уште во септември минатата 2024 година по пријава од родители чии деца секојдневно трпат насилство од еден ученик.

Овојпат еден од родителите на Фејсбук сподели вознемирувачка фотографија од модринки по нозете на неговото дете.

– „Булингот во ОУ Кирил и Методиј во Битола продолжува со несмалено темпо, овај пат вака изгледа на мојот син.

По незнам кој пат се обраќам до МВР и ЦСР Битола, полицијата не раегира оти немале 14 години“ – вели родителот.

– Да нема забуна, едната синејца на сликата е од Петокот насилници двајца, оваа пресната од вчера насилници други двајца, се објаснува во објавата.

Бидејќи родителите добиле закани од родителите на насилниот ученик, истите побараа да останат анонимни, меѓутоа алармираа дека ситуацијата е многу сериозна. Како што велат дел од родителите, според нивните сознанија ученикот е неколку пати пријавуван во училиштето и во Центарот за социјални работи (се работи за малолетник под 14 години), а за дел од настаните кои завршиле и со физички повреди на деца се води судски процес, меѓутоа засега од страна на училиштето не се презема ништо.

Законот за основно образование во членот 65 предвидува дека„ Секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинството, како и Конвенцијата за правата на детето.
Во ставот два стои дека „Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него.“.

Одговорност при вакви ситуации како во основното училиште во Битола има и директорот на училиштето и вработените кои се должни веднаш да го пријават случајот со насилство, а во оваа ситуација станува збор за десетици случаи и констинуирано малтретирање на мнозинството ученици од едно дете.

Согласно членот 65 од Законот за основно образование, директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции утврдени со закон.
Постапката за пријавување и заштита на ученик – жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт.

Загрижените родители за Инфомакс велат дека родителите на детето кое ги малтретира останатите деца воопшто не соработуваат и не се трудат да преземат нешто во врска со случајот.

Законот за основно образование предвидува и одредби за постапување на родителите во случај на насилство.

Родителот, односно старателот се упатува на советување, ако:

– ученикот во текот на наставната година истовремено има негативна оценка по три или
повеќе предмети,

– ученикот има направено повеќе од десет неоправдани изостаноци, –

ученикот го навреди наставникот, – ученикот учествува во различни форми на насилство,

– ученикот покажува антисоцијално (девијантно) и асоцијално однесување,

– ученикот предвреме го напушти образованието,

– ученикот користи говор на омраза и во краток период на ученикот значително му се намали успехот

Таму е пропишана и постапката за советување на родителите/старателите.

Одделенскиот, односно раководителот на паралелката повикува на советување најмалку еден родител, односно старател, со покана упатена преку телефон, по пошта или со лична достава.
(2) Ако поканата за советување се однесува на антисоцијално (девијантно) и асоцијално однесување на ученикот, пред да се испрати поканата се бара стручно мислење од Педагошката служба.
(3) Педагошката служба, во рок од десет дена од приемот на барањето доставува стручно мислење за однесувањето на ученикот од ставот (2) на овој член. (4) Поканата за советување на родителот, односно старателот треба да биде нумерирана и да се достави најмалку осум дена пред одржувањето на советувањето.
(5) Ако родителот, односно старателот од оправдани причини не може да се јави на поканата е должен за отсуството да го извести одделенскиот, односно раководителот на паралелката, пред одржувањето на советувањето или во рок од три дена по советувањето.
(6) Одделенскиот, односно раководителот на паралелката го известува психологот, односно педагогот во училиштето за доставената покана за советување на родителот, односно старателот.
(7) Психологот, односно педагогот на училиштето изготвува неделен и месечен план за одржување на советувањето.
(8) Со учениците чии родители, односно старатели се упатени на советување заради постапувања на ученикот од членот 76 од овој закон, психологот, односно педагогот реализира советување на ученикот, по завршување на советувањето на родители, односно старатели, согласно Програма за советување на ученици и родители, односно старатели, која на предлог на Педагошката служба, ја утврдува министерот.

Советувањето по правило, го врши психологот и/или педагогот во училиштето.

Родителите бараат училиштето, Центарот за социјална работа и МВР да реаираат и да преземат соодветни мерки за случајот. Истите бараат ученикот да биде преместен во друго училиште или да се преземат други законски мерки, како нивните деца би престанале да трпат секојдневно насилство во училиштето.

На темата разговаравме и со адвокатот Јанаки Митровски.

Според него МВР не може да постапи во конкретната ситуација бидејќи и детето-насилник има под 14 години, меѓутоа родителите на детето можат да бидат повикани на одговорност за детето согласно член 201 од Кривичниот законик, односно запуштање и малтретирање на малолетно дете.

Согласно член 201 од КЗ:

(1) Родител, посвоител, старател или друго лице кое со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ќе го запушти малолетното лице или ќе го малтретира, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни родител, посвоител, старател или друго лице кое присилува малолетно лице на работа што не одговара на неговата возраст и физичка сила или од користољубие го наведува на питање или на вршење други дејствија што се штетни за неговиот развиток.
(3) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда или тешко нарушување на здравјето на малолетното лице или малолетното лице се оддало на питање, проституција или други облици на асоцијално однесување, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Како што истакна Митровски, доколку малтретираните деца се и повредени, родителите на оштетените деца имаат право, согласно Законот за облигациони односи да бараат и оштета.

Согласно членот 156 од Законот за облигациони односи доколку причинителот на штетата е малолетник, судот може да ги обврзе родителите да ја надоместат штетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Слушнете го детето кое е еден…

Искреноста на децата во светот на возрасните…

Снимка од дрон во Битола: Масовен собир…

Илјадници битолчани денеска излегоа на мирен собир…

(Видео) Не издржа младост што сака да…

И во Битола, како и во многу…

(Видео) Советот на Општина Битола ЕДНОГЛАСЕН против…

Советот на Општина Битола едногласно го изгласа…

Во Битола пронајдени 206 гранати од Првата…

При градежни работи во Битола, пронајдени се…