Вознемирувачко фото: Еве како изгледа претепаната руска новинарка, ѝ ја избричиле главата и ѝ кршеле прсти
Руска новинарка и адвокат биле нападнати и тешко повредени откако нивниот автомобил бил запрен од неколку маскирани лица во Чеченија.
Eлена Милашина, новинарка од Новаја Газета и адвокатот Александар Немов биле нападнати додека патувале од аеродромот кон регионалниот главен град Грозни.
„Новаја газета“ минатата година ја загуби лиценцата за медиуми во Русија.
Напаѓачите и ја избричиле главата на Милашина, и скршиле неколку прсти и ја полеале со зелена боја, соопшти организацијата за човекови права Меморијал.
„Брутално ги удирале со клоци, вклучително и по лицето, им се заканувале со смрт, им држеле пиштол на глава, им ја одзеле опремата и ја искршиле“, објави Меморијал на Телеграм.
Групата за човекови права Team Against Torture соопшти дека Немов бил прободен со нож во ногата и дека мотивот за нападот е „казна“ за нивното известување.
Руските медиуми јавуваат дека претседателот Владимир Путин е запознаен со ситуацијата, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е потребен „енергичен“ одговор на нападот.
„Постои потреба од проверка и истрага за позадината на овој напад“, рече Песков.
Со соопштение за поддршка на новинарката и адвокатот излезе и Министерството за дигитална трансформација.
„Новинарот додека ја врши својата работа не смее да биде изложен на малтретирање и тортура. Очекуваме дека овој случај ќе биде детално истражен и сторителите ќе бидат казнети“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските власти приведоа руско-американска новинарка од Радио…
Таа станува втората американска новинарка приведена во…
Уште една трагедија: Почина украинска новинарка на…
Олександра Кувшинова, украинска новинарка на Фокс њуз,…
(Видео) Како најпрецизната на светот руска снајперска…
Најиновативното достигнување на руската индустрија за лесно…
(Видео) Позната новинарка yaпсeна поради нaвреда на…
Познатата турска новинарка Седеф Кабас е протворена…