(Вознемиpyвачко видео) За влакно избегната трагедија, прелета како ракета – Снимка од излетувањето на автомобилот во Вардар

t

Снимка од безбедносните камери покажува како се случила страотната несреќа утринава во центарот на Скопје, каде возило „Киа“ ја проби оградата на мостот кај МАНУ и излета во Вардар.

Снимката ја објави „Скопје1“.

View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Утрово екипа на ЈП “Улици и патишта” Скопје, интервенираше на санација на заштитната ограда на “Мостот на Револуцијата” во близина на Веро Џамбо.

„Одбојната ограда на мостот е времено санирана со цел одржување на безбедноста на пешаците и возилата кои движат во овој дел од градот. Оштетувањето на заштитната ограда од мостот беше предизвикано од возило кое утрово излета во водите на река Вардар. По налог на Град Скопје и во корелација со МВР, штетата на оградата навремено е санирана, ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП Улици и Патишта.

Авомобилот е на скоро 50 метри од местото каде удрил во оградата.

„На 24.08.2024 во 07.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош“, велат од МВР за „Скопје1“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еурофарм Пелистер го победи Вардар

Актуелниот македонски машки ракометен шампион, Е. Пелистер,…

Скопјанец со камион прегазил 87-годишна жена во…

Осумдесет и седумгодишна жена е тешко повредена…

Приказни од Булеварот: Ако дојде до нивото…

Овој молк ќе го однесе Вардар во…

18-годишна девојка тешко повредена, излетала со „сеат“…

Млада девојка е тешко повредена откако со…

Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за…

На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР…