Возот за Велес не стигнал до крајната дестинација, а патниците морале да одат пеш по пругата
Возот за Велес не стигнал до крајната дестинација, односно до железничката станица, а патниците морале да одат пеш по пругата.
Речиси и да нема месец во кој нема некоја лоша вест поврзана со железничкиот сообраќај, а овој најнов немил настан се случил средата вечер патниците во вечерниот воз од Скопје за Велес, која поаѓа во 22,30 часот при пристигнувањето во железничка станица Велес. Патници велат дека морале да одат пеш за да стигнат до станицата во Велес оти возот не можел да стигне до станицата, објави СДК.мк
„Пред да стигнеме во Велес, возот сопре на сигналот, на влезот во станицата. Ни кажаа дека нешто со сигнализација е расипано и ќе треба да чекаме да се поправи, требало да дојде некое лице од Неготино. Не ни кажаа колку време ќе чекаме, па сите колку што бевме во возот решивме пеш да ги изодиме тие неколку стотини метри од станицата. По мрак, газејќи по прагови стасавме некако пред полноќ. Одевме пеш од мостот на Вардар кај Башино село до станица“, вели еден од патниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…