Воз удри мигрант кај гевгелиско Негорци
Товарен воз на Железинца на Македонија вчера вечер удрил во мигрант во близина на селото Негорци во гевгелиско. Човекот се здобил со тешки телесни повреди, пренесен е во болницата во Гевгелија.
– На 19.05.2023 околу 23.18 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на железничка пруга во атар на с.Негорци, гевгелиско, товарен воз на Железници на Македонија, кој сообраќал на релација Трубарево – Гевгелија, удрил во машко лице мигрант. Притоа, лицето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гевгелија, информираат од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…