Објавено на:

Вонредно обраќање на Орбан: Ни претстојат два најопасни месеци, мора да избегнеме војна

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и се обрати на нацијата по вонредната средба со претставници на унгарското Министерство за одбрана и зборуваше за потенцијалната ескалација на конфликтот на територијата на Украина.

На почетокот на видео обраќањето Виктор Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана.

„ Имаме застрашувачки вести од Украина. Затоа го свикав Советот за одбрана“, изјави Орбан

„Двата најопасни месеци од војната се пред нас. Со победата на претседателот Доналд Трамп, мирот или барем прекинот на огнот е опиплив. Но, провоената влада на САД е се уште на власт , уште два месеци“, рече тој.

Тој се осврна и на одлуката на Русија за ажурирање на нуклеарната доктрина.

„Во пракса, тоа значи дека Украинците вчера истрелаа проектили со долг дострел на руска територија, а Русите како одговор усвоија поригорозна нуклеарна доктрина. Го слушав извештајот на Советот за одбрана.

Опасноста од ескалација, од ширење на војната, никогаш не била толку голема во наредните недели и „Месеците ќе бараат цело унгарско знаење, ресурси и дипломатско искуство за да се избегне оваа војна. Затоа што Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…