Вооружени разбојници палеле банкомати: Обид за филмски грабеж во Топанско Поле

t

Вооружени лица со маски утрово извршиле напад врз лице од обезбедувањето на трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиле неколку банкомати во Топанско Поле. Како што соопшти полицијата поради случката изутринава бил затворен сообраќајот во делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар па огромни колони возила има на околните сообраќајници и во овој дел од градот.

„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во трговскиот центар има банкомати од повеќе банки, поставени еден до друг на паркингот пред влезот на еден од поголемите дуќани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец со оружје ограбил банка: Се бара…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Ограбено казино во Центар!

Денеска (01.06.2024) во 00:07 часот во СВР…

Стружанец ја пријавил сопругата дека го ограбила

Жител на Струга во вторникот лажно ја…

Ограбиле починат човек

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26)…

Затвореник од прилепскиот затвор избегал од затвор…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…