Имало пукање во банка, ова е причината за зголеменото полициски присуство!
Денеска напладне во експозитура на банка во центарот на Скопје вооружени лица одзеле пари од вработените во банка, а едно од лицата пукало.
Грабежот бил причина за засиленото полициско присуство меѓу скопските населби Центар и Капиштец.
„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Оттаму најавуваат повеќе информации за подоцна.
Инфомакс претходно објави вознемирувачка фотографија и информација дека се врши претрес на секое возило кое се движи во правец од Водно кон црквата Св. Јован во Скопје.
Претресот го вршат повеќе полициски службеници вооружени со автоматско оружје Калашников, а граѓаните се преплашени.
Улицата на која се врши претресот е Загребска во населба Капиштец, на границата помеѓу оштина Центар и Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…
Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
„Росавијација“ ја објави причината за падот на…
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Сиљановска Давкова: Време е за храбар чекор…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во годишното…