Вооружен маж уапсен на стадионот каде ќе се одржи комеморацијата за Кирк
Властите во американската држава Аризона синоќа уапсија маж кој бил вооружен и шетал низ стадионот каде што денес ќе се одржи комеморација за убиениот американски патриот Чарли Кирк, лажно претставувајќи се како полицаец.
Уапсениот маж, Џошуа Ренклс, е обвинет за лажно претставување како службеник за спроведување на законот и носење оружје на забрането место, изјави портпарол на полицијата во Аризона, објави Фокс њуз. Тој додаде дека е во тек истрага за да се утврдат неговите намери на стадионот на НФЛ. Ренклс им рекол на агентите на Тајната служба дека бил на стадионот како приватно обезбедување.
Според добро информирани извори, тој е поранешен полицаец од друга американска држава. „Тајната служба, во координација со локалната полиција во Глендејл, Аризона, истражува лице кое се однесувало сомнително на стадионот Стејт Фарм“, изјави портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми. На стадионот ќе се одржи комеморација за Кирк, на која властите очекуваат денес да се соберат околу 100.000 луѓе.