Воспоставена редовна авионска линија Софија-Скопје: Од кога ќе може да се патува?

t

Од 27 март ќе биде ставена во функција редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите.

Претставниците на скопскиот и софискиот аеродром денеска во Скопје имаа средба со сопствeникот на „Гуливер“ на која присуствуваа и министрите за транспорт и врски на Северна Македонија и Бугарија, Благој Бочварски и Николај Сабев.

Како што изјавија Бочварски и Сабев по средбата, двата аеродрома ќе поддржат програма за стимулирање нови летови за авиолинијата Софија – Скопје да не трае само шест месеци како што било во периодот меѓу 2007 и 2009 година.

Министрите најавија и дека се водат разговори за воведување летови од Софија до Охрид и од Варна и Бургаз до Скопје и до Охрид.

-Заради тоа што гледаме напред, гледаме кон иднината. Гледам дека имаме пријателски расположени најпрвин влади, министри, министерства, тур-оператори од двете земји. Гледам дека и граѓаните имаат можност и бараат да има подобро поврзување помеѓу двете земји до нашите туристички центри, но и до нашите главни градови.

Од страна на тур-операторите дојдоа многу ин тересни предлози на состанокот и верувам дека во наредниот период тие предлози ќе се преточат кон конечна реализација за да може оваа мрежа на транспортот да конечно ја развиеме уште посилно и уште подобро во целиот Балкан, рече Бочварски, одговорајќи на новинарско прашање.

Според Сабев, сега зборот го имаат туроператорите.

-Уверени сме дека моделот што го создаваме треба да има економска смисла и за нас е голема радост да соопштиме за тристраната средба меѓу аеродромите на Скопје и Софија со сопственикот на компанијата „Гуливер“. По оваа средба најавија дека постигнале договор двата аеродрома да поддржат програма за стимулирање на нови летови Софија – Скопје и нејзино продолжување.

Сопственикот на „Гуливер“ ќе го убедиме, тој кога ќе биде спремен ќе ги објави цените и како смета тој економски модел да биде прифатен од сите. Да му овозможиме тој да ги истакне овие прашања, рече бугарскиот министер.

Не може, нагласи Сабев, да се зборува за подобар животен стандард ако нема добра економија.

-Само три недели по првите наши сред би го направивме првиот чекор за подобар животен стандард на граѓаните од двете земји. Го создадовме тој инструмент кој сега се нарекува авиолинија Софија – Скопје и тој треба да даде можност на еден поголем пакет на многу бизнис активности кои ќе ни овозможат уште подобар економски стандард. Приметивме голем интерес од страна на македонските и бугарските тур-оператори.

Од Бугарија дојдоа и најголемите инвеститори на туристичкиот бизнис. Видовме многу голем интерес дека ќе го користат тој мост помеѓу двете министерства за транспорт така што ќе ги побараат новите можности.

Ние зборуваме да се овозможат подобри економски услови луѓето во Бугарија и во Македонија да добијат многу подобри понуди за да патуваат бргу, лесно и пријатно. И после тоа да ги информираат своите соседи и пријатели, напомена Сабев.

Бочварски подвлече дека воспоставувањето на летот Софија – Скопје е потврда за заложбата на двете страни веднаш да има конкретни резултати од соработката.

-Сакам да ги убедем граѓаните од двете земји дека ги отвораме вратите слободно да патуваат од Северна Македонија во Бугарија, да ги користат поволностите и да направиме повеќе можност за туризам, економија, културна и спопртска размена со што ќе успееме како две пријателски држави да им покажеме и на регионот и на Европа како треба да соработуваме.

За средбите со мојот колега кои се чести во овој период, рековме дека ќе работиме, но ќе работиме веднаш, за да дојдат веднаш и резултатите. Прашањата го отворивме и полека ги затвораме позитивно, со позитиен контекст во делот на транспротот, рече Бочварски и најави дека туроператорите и воздухопловните власти од двете земји ќе продолжат со соработка за да ги отворат и идните, трети дестинации кои би се формирале со линијата Софија – Скопје.

Според него, најважно е што се покажа дека е возможно она за кое со години се зборуваше дека е невозможно.

-Денеска покажавме дека е возможно повторно да се воспостави авиолинијата Софија – Скопје која отвора нови можности за двете земји, истакна Бочварски, заблагодарувајќи им за соработката на своите бугарски колеги, но и на министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши, кој исто така присуствуваше на средбата, соопшти дека отворањето на авиолинијата Софија – Скопје ќе значи поголем развој на туризмот меѓу двете земји. Во 2021 година двојно бил зголемен бројот на бугарски туристи во однос на 2020-та, рече Бектеши, а бугарскиот министер за туризам се надоврза дека 500.000 македонски граѓани ја посетиле Бугарија во 2019 година. Двајцата колеги рекоа дека ќе се потрудат да влијаат и на остатаните земји од Коридорот 8 за да му се даде важност и на овој патен правец исто како и на Коридорот 10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…