Војводи се обратија до политичките партии и медиумите: Не теретат дека сме хулигани затоа што ја сакаме Македонија – бараат укинување на притворот за нивните членови!
На 05.07.2022 година на протестите против францускиот предлог пред Собранието на Република Македонија беа уапсени и притворени наши членови. Скоро сите организации, политички партии и медиуми не нарекоја хулигани, а ретки беа оние кои ни дадоа поддршка.
Но затоа ден подоцна на 06.07.2022 година повторно протест и кај Мавровка се врши напад врз македонскиот народ и тоа не од хулигани, не со фрлени јајца и запалени факели туку од терористи со пиштоли во рака.
Доколку нас не теретат како хулигани само поради тоа што искрено ја сакаме Македонија и се сме спремни да се жртвуваме за неа, тогаш тие кај Мавровка со пиштоли во рака се терористи и ништо друго !
Во нормална земја покрај толку терористички напади ширум светот, човек кој извадил оружје и го вперува во огромна маса на народ во присуство на полиција веднаш би бил застрелан, но за жал во оваа наша ( ако можеме веќе да ја наречеме наша ) земја полицијата наместо да реагира се крие позади народот !
Покрај тоа што не беше ликвидиран терористот со оружје во рака, не беа ниту приведени сите лица кои исто така држеа оружје, а некои и фрлаа со предмети кон жени и деца. За да вчера преку медиумите дознаваме дека терористот наместо да му се суди за загрожување на животи, за тероризам и за учество во толпа, на него му се суди само за учество во толпа и пресудено му е 4 месеци домашен притвор, а НАЈМАЛАТА КАЗНА за ова дело е година дена затвор.
Терорист кој со оружје се заканува врз огромна толпа на народ е осуден со 4 месеца домашен притвор, а наши членови поради љубовта кон Македонија веќе 2 недели се во притвор и на сите им е продолжен притворот за уште 30 дена.
Кое судство е ова, чија е оваа држава, каква ли е оваа држава каде што патриотите ќе легаат со години затвор, каде што косата на една Шеќеринска ќе вреди 7 години затвор, а вперен пиштол врз македонскиот народ 4 месеци ?
Бараме веднаш да се укинат мерките притвор врз нашите членови, а и кон сите Македонци кои беа уапсени пред собранието !
СЛОБОДА ЗА ВОЈВОДИ !
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…