Војводи Тетово со реакција за случувањата со црквата Св. Петка: Акцијата на полицијата е недозволена бараме извинување веднаш!

t

Со длабока загриженост и најостра осуда реагираме на вчерашниот настан во селото Галате, Гостивар каде што локалните жители, кои имале намера да го расчистат дворот околу црквата Св. Петка, биле спречени од страна на полициските службеници и обвинителството.

Оваа неприфатлива постапка не само што го нарушува правото на граѓаните да се грижат за своето културно и религиозно наследство, туку претставува и опасен преседан во однос на односот на институциите кон локалните заедници и нивните основни права.

Оваа акција на полициските службеници и обвинителството е недозволива и ја поткопува довербата на граѓаните во правниот систем и институциите кои треба да ги заштитат нивните права. Ваквото однесување создава чувство на неправда, посебно кога станува збор за прашања кои длабоко го засегаат идентитетот и наследството на локалните заедници, а, особено во очи паѓа фактот што се работи за црква која била разрушена во војната 2001 година.

Бараме итно објаснување и јавно извинување од страна на надлежните институции, како и преземање конкретни мерки за надминување на ситуацијата и за враќање на мирот и довербата меѓу жителите на Галате и државните органи. Дополнително, инсистираме на транспарентна истрага за мотивите и околностите под кои била донесена одлуката.

Овој инцидент не смее да биде игнориран. Тој претставува сериозен сигнал дека е потребно преиспитување на начинот на кој се применуваат овластувањата од страна на институциите и дека е неопходно да се спроведат реформи за да се осигура почитување на граѓанските права и слободи.

Затоа, повикуваме на солидарност и поддршка на жителите на Галате во нивната борба за заштита на нивното наследство и истовремено апелираме на дијалог и разбирање меѓу институциите и граѓаните со цел да се избегнат слични конфликти во иднина.

Стани македонче ова е твојот дом…!

Со почит,

НГ Војводи Тетово

Со верба во Бог, Војводи до гроб!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војводи Тетово со реакција за случувањата со…

Со длабока загриженост и најостра осуда реагираме…

Шојгу: Ја забрзавме офанзивата, Украинците губат и…

Русија објави нов напредок во источна Украина,…

Гутереш: За време на мојот мандат не…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутераш…

Вучиќ: Сега е сосема јасно дека Курти…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбите…

(Фото) Опасно време низ Македонија до 14-ти…

Силно невреме се предвидува низ Македонија најмалку…