ВОЈНА ВО ИЗРАЕЛ 14 ДЕН: Хамас нуди ослободување заложници во замена за итен прекин на огнот, НОВ судир на границата со Либан!

t

Војната меѓу Хамас и Израел влезе во 14-ти ден.

Конфликтот започна, да потсетиме, на 7 октомври со напад на Хамас врз израелските населби во близина на Појасот Газа.

Ситуацијата на границата со Либан се влоши претходниот ден, а меѓусебното гранатирање од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ) и Хезболах станува се поинтензивно.

Нападите на ИД врз Појасот Газа продолжуваат додека Хамас одговара со истрелување ракети врз израелските градови и воени бази. Армијата доби зелено светло за копнен напад на Појасот Газа.

Муслимански протести против Израел се одржаа и претходниот ден во многу европски земји.

Воена база на САД во Ирак беше нападната додека разурнувачот на американската морнарица УСС Карни беше погоден со три проектили истрелани од Јемен во Аденскиот залив. Се верува дека цел на напад бил Израел.

Медиумите неофицијално објавија дека Иран почнал да преместува балистички ракетни системи на запад од земјата. Израел ја доби првата серија оклопни возила од САД за да ги замени оштетените во борбите.

17.05 – Бајден побарал пари од Конгресот

Американскиот претседател Џозеф Бајден испратил барање до Конгресот за помош од речиси 106 милијарди долари за проектите за безбедност на Украина, Израел и САД на границата, објави Белата куќа.

16.37 – Изаел изврши напад со дрон

Израелските одбранбени сили објавија дека извршиле нов напад со беспилотно летало против терористичка ќелија на границата со Либан.

Во соопштението се наведува дека врз позициите на израелската армија на границата биле истрелани неколку противтенковски наведувани проектили, кои одговориле со артилериски оган.

16.18 – Вонредна седница на Генералното собрание на ОН

Вонредна седница на Генералното собрание на Обединетите нации за Палестина, на барање на Русија, ќе се одржи на 23 октомври, соопшти Мисијата на Бразил во ОН.

„Претседавачот на Советот за безбедност беше информиран дека претседателот на Генералното собрание има намера да ја свика 10-тата вонредна специјална седница веќе во понеделник на 23 октомври. Соопштението дојде откако САД ставија вето на нацрт-резолуцијата за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучувајќи го и палестинското прашање“, се вели во соопштението.

Покрај Русија, одржување на седницата побараа и Никарагва, Организацијата за исламска соработка и Лигата на арапските држави.

16.02 – загинаа 4.137 луѓе

Во израелските напади врз Појасот Газа досега се убиени 4.137 луѓе, а повеќе од 13.000 се ранети, соопшти палестинското Министерство за здравство.

На Западниот Брег загинаа 81 лице, а повеќе од 1.400 беа ранети.

15. 45. Гутереш: Камиони со хуманитарна помош мора да влезат во Газа што е можно поскоро

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го посети преминот Рафа меѓу Газа и Египет и ги повика сите страни да дозволат влез на хуманитарна помош.

„Од оваа страна гледаме голем број камиони кои носат вода, гориво, лекови, храна“, рече Гутереш, кој се наоѓа на египетската страна на преминот.

Тој рече дека тие камиони мора „што е можно поскоро и во најголем број да се префрлат на другата страна“, пренесе „Харец“.

15.24 – Русија одржува контакти со претставници на Хамас

Русија одржува контакти со претставници на палестинскиот Хамас во врска со ослободувањето на заложниците кои ги држеше тоа движење, изјави рускиот амбасадор во Израел, Анатолиј Викторов.

„Има контакти со претставници на Хамас, а овие контакти првенствено се насочени кон ослободување на заложниците од локациите каде што се сега, откако членовите на Хамас киднапираа израелски цивили на првиот ден од терористичкиот напад“, рече тој во изјава за „Известија“. .

Според израелската армија, потврдената бројка на заложници е 203. Амбасадорот рече и дека во досегашната ескалација на конфликтот загинале 20 руски државјани.

14.56 – Русите предупредија да го избегнуваат Израел и околните земји

Министерството за надворешни работи на Русија им препорачува на своите граѓани да се воздржат од патување во Израел, Либан, Јордан и палестинските територии.

– Силно им препорачуваме на граѓаните на Руската Федерација да се воздржат од патување во регионот, особено во Израел, Либан, Јордан и палестинските територии. Кога патувате низ овие земји, бидете исклучително внимателни и зголемете ги мерките за лична безбедност, избегнувајте области на конфликт и ризик. Следете ги препораките на локалните власти и пораките од руските странски мисии – соопшти МНР.

Foto: EPA/Mohammed Saber, AP/Tsafrir Abayov

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…