Bojник на АРМ во мисијата КФОР починa во болница во Приштина
Во болница во Приштина вечерва околу 18:15 часот ненадејно почина професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата.
На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот.
Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен во болница во Приштина како најблиска здравствена установа, каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар.
Од страна на Генералштабот по добивање на првичните информации со преземање на сите потребни процедури, трагичната вест е соопштена на неговите најблиски и во моментот во координација со сите надлежни институции се преземаат сите неопходни мерки за пренесување на посмртните останки на нашиот припадник во неговото место на живеење. По пристигањето на телото на нашиот починат мировник, погребот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НСПВ: Дали министерот за одбрана има контрола…
Соопштение на Независниот синдикат на професионални војници:…
Независен синдикат на професионалните војници: Мисајловски да…
Првпат гледаме министер за одбрана да отвора…
Четири лица се повредени во престрелка во…
Во престрелката што се случи синоќа во…
Расте бројот на туристи во Косово
Од почетокот на 2024 година до крајот…
(Видео) Алпинистичка вежба на Баталјонот за специјални…
Припадниците на Баталјонот за специјални сили на…