Во автомобил собрале 24 мигранти: Приведени криумчари од Битола
На 25.06.2022 околу 10:20 часот на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија, после клучка Марвинци во правец на с.Удово, полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(50) и А.Д.(47), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело криумчарење мигранти.
Имено, при извршена проверка во товарно возило „цитроен џампер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А., во кое совозач бил А.Д., биле пронајдени 24 лица мигранти (12 од Пакистан, пет од Сирија, пет од Индија и две од Авганистан).
Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Виноjуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…